Лекари од повеќе градови низ Македонија доаѓаат на испомош во Скопје во борба против Ковид-19

Седум медицински сестри и техничари од Општата болница со проширена дејност во Кочани од утре ќе бидат работно ангажирани на Инфективната клиника во Скопје.

Прераспределбата на новите работни места е привремена и се реализира по барање од Министерството за здравство, поради недостатокот од медицински кадар на Клиниката.

Здравствените работници од Кочани ќе им помагаат на своите колеги во лекувањето на пациентите заболени од Ковид-19 кои се хоспитализирани во Скопје.

Постапуваме според претходно утврдени упатства од Министерството за здравство и овој одлив на кадар нема да влијае на нормалното функционирање на нашата болница. Располагаме со доволен лекарски и друг медицински персонал, поради што позитивно одговоривме на барањето на ресорното Министерство“, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност.

Воедно, здравствен тим од двајца доктори и четири медицински сестри од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација во Отешево, Преспа ќе помогне во работата на КОВИД Центарот при Градската општа болница „8 Септември“.

Здравствените работници од кочанската Општа болница на Инфективната клиника во Скопје ќе работат во следните две недели, а им се придружуваат и нивни колеги од болниците во Велес, Кавадарци и Кичево.

Total
0
Shares
Поврзани објави