Обвинителката Лидија Раичевиќ , кандидат за нов Јавен обвинител денеска изјави дека доколу ја добие функција очекува позитивни рефирми во обвинителството и поголема доверба на граѓаните во институцијата.
“Времето е премногу тешко и мислам дека обвинителската историја ќе забележи ваков момент кога се избира државниот јавен обвинител. Но тоа е уште поголем предизвик и затоа јас решив како влог и должност кон институцијата во која работам да го прифатам овој предизвик и конкурирам. Се разбира тоа е само еден дел од мотивот, состојбите се многу сложени јас сум свесна наполно за тоа, но и очекувам дека ќе почнат изборите на државните јавни обвинители да добиваат објективни критериуми за што ова е еден вид на тест.
Верувам дека ЈО и ќе се промени и може добро да работи да ја добие својата позиција и ќе биде институција достојна за почит. Ви тврдам дека тоа може да се постигне без оглед на сите искушенија и притисоци “, изјави обвинителката Раичевиќ која водеше и води познати предмети во јавноста од организиран криминал. Таа е обвинител во предмет против Љубе Бошкоски, а последниот кој го доби е предметот Еразмус , против професори од Економскиот факултет.
Поврзани објави
Биљал Касами обвини за политички притисок зашто финансиската полиција дошла во Општината
Финансиска полиција утрово вршела истражни активности во општина Тетово. Градоначалникот Биљал Касами, тоа го оценува како политички притисок,…
Малолетничка заминала од таткото оти ја терал на присилен брак,но љубовникот и други мажи ја продавале по хотели
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на спроведувањето…
Убиецот кој ги закла мајката и бабата сам го пријавил злосторството
Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот…
„Регулаторна“ ќе ја укине евтината дневна тарифа и трошоците за обновливи извори?
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија…