Лукаревска: Не сум на фризер!

По објавувањето на фотографии преку социијалните мрежи дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е на фризер наместо дома таа енергично дематираше и појасни дека се работи за лажна вест пласирана од профил лице чиј идентитет е познат. Таа напиша:

Најостро ги демантирам тенденциозните дезинформации, лаги и конструкции кои одредени лица сокриени позади лажни профили, ги шират за мене. Изминативе денови се соочувам со оркестриран напад врз мене како личност.
Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година.
Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација.
Но, пред се и над се, како човек, никогаш не би дозволила свесно да загрозам нечие здравје и да прекршам јасно пропишани закони.
Згрозена сум од непочитта и злоупотребата на било чија здравствена состојба. Но, иако за пребродување на ситуацијата во којашто се наоѓам е потребна сила и мир, нема да штедам енергија да ги демантирам сите лаги кои планирате да ги пласирате. За секоја една лага, ќе најдам и време и сила да ја разобличам пред граѓаните. Зошто граѓаните ја заслужуваат само вистината!

Лукаревска е дома откако доби резултат на позитивен тест на Корона -19.

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави