Мајка ми се обидела да добие помош, да добие кислород за да дише, не успеа почина!

Потресно сведоштво на ќерка чија мајка починала од ковод 19 . Ќерката ги раскажува последите часови од комуникацијата со мајката и лекарите и маката да се дојде до лекар до помош до кислород…. во продолжение целата сторија:

Фејсбук статус на Михаела Довичинска:

Господине Венко Филипче,

И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под контрола ,, коишто секојдневно кружат по социјалните мрежи. ДНО ДНА !!! Вчера ( 14.11.2020 ) во утринските часови, ни соопштија дека мајка ми починала. Да, жена на 41 годишна возраст, мајка на две деца и сопруга. Жена БЕЗ било какви претходни заболувања. На 6.11.2020 беше примена на Инфективната клиника во Штип, нема да навлегувам во детали за ТОЧНОСТА И ПРЕЦИЗНОСТА на Вашите тестови затоа што искрено, најмалку битно е во ситуацијава така да, нека биде позитивна на Covid19 и со потврдена билатерална пневмонија. На 6.11.2020 ( петок ) е приклучена на кислородна подршка повремено, следниот ден исто, се до вечерта. Од 7.11.2020 вечерта е на постојана кислородна подршка.

Следните денови, недела, понеделник, вторник, среда, четврток – добиваме инфомација од самата неа дека ,, е добро, дека и кажале првите 6-7 дена е нормално сето тоа ,,. Чекаме. Во четвртокот вечерта последен пат ја слушаме во ,, добра состојба ,, ( 18:46 часот ). Под добра состојба и ,, нормално ,, подразбирам отежнато дишење на кислородна подршка. Следниот ден ( 13.11.2020 ) немаме НИКАКВА ИНФОМАЦИЈА за неа, се до 15 часот и 19 минути кога после МИЛИОН неуспешни обиди да ја добиеме на нејзиниот телефон, после МИЛИОН испишани пораки ми се јавува мене И СЕ ОБИДУВА да ми каже дека не е добро, дека може ќе треба да ја пренесат во Скопје. Да, се обидува затоа што зборовите скоро и да не можеше да ги изговори. Измачена, преплашена, изморена.

– ,, Мамо, јас тебе не можам ништо да те разберам, добра ли си? ”
– ,, Многу сум изморена Михаела. ”
– ,, Добро мамо не плаши се, само одмори, ќе направиме се што можеме, ќе бидеш во ред ,,
– ,, Добро. ”

Толку. Последниот збор слушнат од мајка ми. Во следните неколку часа што нам ни изгледаа како вечност се имам обидено да ги добијам на клиниката минимум 100 пати само за да добијам некоја информација за мајка ми. Со доктор се слушнав само еднаш тој ден за да ми каже дека мајка ми не е добро, дека нејзината сатурација е прениска, дека во секој момент може и да се подобри и да се влоши.

,, Јави се подоцна пак “. Се јавив уште МАЛ МИЛИОН ПАТИ од кои до одговор ме удостоија САМО 2 ПАТИ и едниот одговор беше ,, Почекај ќе разговараш со докторката, само да провериме, јави се пак ,,. Ова ,, јави се пак ,, подоцна сфатив дека им значи ,, можеби ќе ти се јавиме, можеби не ,,. И другиот одговор беше ,, Те молам, може ли да се јавиш подоцна ,,. Може. Секако. Животот на пациентите во кои е и мајка ми и кој знае уште колку мајки, татковци, баби, дедовци е многу поважен од мојата потреба за информација. Само нека биде добро. Ја продолживме вечерта со уште МАЛ МИЛИОН неуспешни обиди да добиеме некој за информација за пред 12 часот на полноќ да бидат исклучени сите линии за инфомации. Само ние знаеме како го дочекавме утрото и уште некои кои биле во наша ситуација.

Во периодот од 7:00 – 8:00 на 14.11.2020 по повторно МАЛ МИЛИОН обиди да ги добиеме, докторот ни кажа дека ,, Во тешка ситуација е, има бронхопневмонија на целите бели дробови, ќе мора да се јавите до после пак за да видиме како ќе биде ,,. После еден час од мојот разговор, добивме инфомација дека мајка ми е мртва.

Се помиривме со сето ова. Судбина. Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација Презафатени се со пациентите. Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа МОИ зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна. Но, знаете до кога? До пред половина час господине Венко Филипче. Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам ЈАС сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини НЕУПЕШНИ ОБИДИ да го добие дежурниот медицински персонал НА ИСТИОТ БРОЈ НА КОЈ СЕ ЈАВУВААТ ЛУЃЕ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА ДА ДОБИЈАТ ИНФОМАЦИЈА ЗА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ.

Во прилог ќе Ви ги ставам СИТЕ повици во кои мајка ми се обидела да ДОБИЕ ПОМОШ, ДА ДОБИЕ КИСЛОРОД ЗА ДА ДИШЕ. Првите обиди се во среда ( 11.11.2020 ) од 2:45 – 2:59 КОГА СИГУРНО И БИЛ ПОТРЕБЕН КИСЛОРОД ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ, но секако, никој не ја удостоил со одговор, а се прашувам КОЈ мислат дека би вртел на тој број ако нема потреба, посебно не 4 пати во текот на 15 минути? НИКОЈ, а посебно не ПАЦИЕНТ кој дише со кислородна подршка. Истата вечер уште два обиди во 3:24 и 3:51. Колку вродиле со резултат можеме само да претпоставуваме. И еве сме кај клучната ноќ. После нашиот последен ,, нормален ,, разговор на 12.11.2020 во 18:46 часот МАЈКА МИ СЕ ОБИДУВАЛА ДА ДОБИЕ ПОМОШ КАЈ ИСТИТЕ ТИЕ СЕСТРИ И ДОКТОРИ СО 10 ПОВИЦИ СЕКАКО НЕУСПЕШНИ ОД 20:23 – 20:29. Да, 10 неупешни повици за да добие можност да дише.

3https://www.facebook.com/mdovicinska/posts/2757395411190063

И не само тоа. Овде се и ДВЕ МОЛБИ ЗА ШАНСА ЗА ЖИВОТ СО ДВЕ ПОРАКИ од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” што била испратена како брза автоматска порака после неуспешен обид да ги добие преку повик и уште една порака ,, Боца кислород треба горе во четворката ,, – порака испратена со којзнае колку МАКА И НЕМОЌНОСТ. И после ова господине Венко Филипче, мене ми е совршено јасно зошто последните зборови на мајка ми беа дека е преморена. Јасно Ви е и Вам. Јасно ни е на сите. Мајка ми нема да ја вратиме НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе НИКОГАШ НЕМА ДА МОЛИ ЗА ШАНСА ДА ВДИШЕ И ШАНСА ДА ЖИВЕЕ. Но, има други мајки, татковци, дедовци и баби кои ќе имаат потреба неуспешните обиди на мајка ми да се претворат во успешни.

Ако ЈАС или некој друг обичен граѓанин е потребно да отиде утре во Вип и да купи телефон и број, истите да ги однесе на Инфективната клиника во Штип и да им каже ,, Еве, земете ги, овој број кажете им го на пациентите за да можат да Ве добијат во секој момент, за да не мора да чекаат шанса за живот на истиот број на кој цела држава чека информација за своите блиски. ,, Кажете ни. Ние ќе го направиме тоа затоа што очигледно Вашето ,, се е под контрола ,, убива луѓе. Ги убива душите и срцата на блиските на тие мајки кои неуспешно барале помош, тие татковци, дедовци и баби.

* да не е се така црно, во овие 17 повици, мајка ми била удостоена со едно кревање на слушалката на 12.11.2020 во 13:09.

фото : илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави