54-годишниот македонски државјанин, Панче К., починал во текот на вчерашниот ден на паркинг на ски-патеката Кулиното, во близина на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма“.
Според бугарските медиум, медицинската екипа дошла на лице место и констатирала смрт.
Панче К. во минатото имал срцеви проблеми. Телото е предадено на обдукција.