Македонија далеку над просекот на ЕУ за заболени со коронавирус

Македонија и понатаму е земја со неколкукратно повеќе новозаболени од вирусот во однос на просекот на Европската Унија, но бележи стабилизрање бројките.

Македонија скалила надолу на листата на земји од западен Балкан, покажуваат податоците од Европскиот Центар за контрола на заразни заболувања за последните две недели во споредба со седмиците пред нив, на просек од 100.000 жители. Македонија бележи намалување од 4 заразени, па ако во јуни имаше 98 заболени на 100.00 жители, сега тој просек е 94.

Ова се должи и на двевното намалување на заразени од вклупниот број на тестирани, кој во последните денови се намали под 10%, вели за Канал 5 Д-р Пановски. За разлика од кај нас, скоро сите змеји од регионот бележат неколкукратно зголемување.

Но сепак бројките на заразени кај нас се далеку над европскиот просек, кој сега е 20. Доколку го постигнеме би можеле и да патуваме надвор од границите на земјава, вели професорот Пановски.

Во меѓувреме, за продолжениот викенд, Охрид, најголемата туристичка дестинација во земјава, го преплавија туристи. Дел од нив се совесни, но поголем број не ги почитуваат мерките, што остава загриженост дека може да се вратиме на претходните проценти на заразени, иако според познавачите, не се очекува дека заразата енормно се шири на отворен простор.

Total
0
Shares
Related Posts