Македонскиот автобус што се преврте кај Лесковац е сопственост на компанија од Струга, сообраќал Битола -Виена

Автобусот со македонски регистарски таблички кој кај Лесковац се преврта и маж и две жени загинаа е сопственост на струшката компанија „Еуробус”. Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус” Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006 година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Total
0
Shares
Поврзани објави