Македонскиот офицер нема јужноафриканска, туку нигериска мутација на Ковид-19

Македонскиот офицер не е заразен со јужноафриканската мутација на Ковид-19 туку со нигериски сој на вирусот кој е сличен на британскиот, покажаа анализите во МАНУ.

Според информации од Министерството за здравство инфекцијата кај 55-годишниот потполковник била во поодмината фаза.

Тој вчера со авион за медицинска евакуација стигна во земјава од Африка каде бил на мисија и е хоспитализиран на Инфективна во стабилна здравствена состојба.

Total
0
Shares
Поврзани објави