Полициски службеници виделе дека гори викенд куќата, на периферијата на Неготино. Куќата што горела се наоѓала во лозов насад. Во викендицата било пронајдено човечко тело за кое се претпоставува дека е на 61 годишна возраст.
Полицајците ја повикале противпожарна единица и пожарот е локализиран.
Полициска екипа прави увид, по завршувањето СВР Велес ќе информира со дополнителни информации.
foto: ilustracija