Маж и жена пронајдени мртви во станови во Битола

Полицијата денеска соопшти дека вчера во 20,20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во нејзиниот дом била пронајдена почината В.Т. (82). По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција. Два часа подоцна во 22,00 часот во битолската полиција било пријавено дека на ул.„Тодор Скаловски“ во неговиот стан бил пронајден починат А.М. (71) – државјанин на Република Норвешка. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. И за двата случаи се уште нема детали околу тоа како и од што починале.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се појави Ким Џонг -ун?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се појави на 1 Мај отворајќи фабрика, информираа државните медиуми на земјата,…