Познатата сина птица „одлета“ од Твитер, Маск го претстави новото лого

Препознатливата сина птица, која од 2006 година беше заштитен знак на Твитер, заминува во историјата. Култното лого со сина сина птица, кое беше инспирирано од името на платформата, а симболизираше слобода и комуникација, сега е заменета со ново лого.

Новиот дизајн на логото за Твитер, бела буква „Икс“ (Х) на црна позадина, беше претставен од страна на извршниот директор на компанијата откако сопственикот на компанијата Илон Маск изјави дека сака да се „ослободи“ од логото на сината птица.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, вчера објави дека познатата птица од логото ќе ја замени со буквата „Икс“ (Х), како дел од ребрендирањето на платформата. Тој најави дека промената ќе се случи денеска.

Интернет-адресата на социјалната мрежа сè уште е twitter.com, но наскоро треба да се смени во x.com. Објавите на социјалната мрежа, пак, наместо „твитови“, сега ќе се нарекуваат „иксови“.

Промената на логото и целиот ребрендинг ќе биде последната во низата големи промени што Маск ги воведе откако го презеде Твитер, кој го купи минатата година за 44 милијарди долари.

Total
0
Shares
Поврзани објави