Мицковски е незадоволен како владата се справува со пандемијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажува незадоволство како владата се справува со пандемијата на конронавирусот. 

„Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова коешто се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почувствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на Бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија“, изјави Мицковски при своето гостување на телевизија Сител.

Мицкоски вели дека опозиција понудила многу работи, но односот од владата бил игнорантски и брутално боле одбиени.

„Еве последно што понудивме беше да се формира КОВИД Комисија. Како по принципот на многу држави во регионот кои што формираа една таква КОВИД Комисија и оваа КОВИД Комисија е таа која што е најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Но бевме одбиени“, нагласи тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави