Момче од Прилеп загина во превртен автомобил

Дваесет и седумгодишниот Б.К. од Прилеп, загинал ноќеска, на регионалниот пат Прилеп – село Ропотово, откако возилото „пежо 307“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, излетало од коловозот и се превртело, а повредени се уште две лица сопатници во автомобилот.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката која се случила 35 минути по полноќ, Б.К. починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по…