Мунир Пепиќ: Бев таму бидејќи снимав со телфон да видам кого тепаат

На денешното ррочиште за крвавиот четврток беше презентирана и снимка од нападот врз пратеникот Зијадин Села на 27 април, кој се случи во прес-центарот на Собранието.

На снимката се гледа како пратеникот Села го тепаат повеќе луѓе, а во кадарот цело време се гледаат и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски. Обвинетиот разузнавач Мунир Пепиќ пред судот истакна приговор на начинот на кој обвинителката Ивана Трајчева ја коментираше снимката велејќи дека во ниту еден момент не го удрил Села.

„Никаков физички контакт немав кон Зијадин Села, ниту, пак, некаква намера. На камерата може да се види дека сум метар и половина оддалечен од него. Не е точно дека сум го удрил, се колнам во своите чест и вера. Не можат да ме посочат дека го мавам, бев таму бидејќи снимав со телефонот да видам кој е“, рече Пепиќ.

Пред тоа беа презентирани вибер-комуникациите помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, кои јавното обвинителство денеска ги презентираше на рочиштето за крвавиот четврток може да се забележи како двајцата високи членови на партијата се договараат околу евентуално враќање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„Не би било фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето. Ќе има напади врз нас. На тие луѓе сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“, му вели во пораката Тарчуловски на Мицкоски.

На ова актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ му одговара дека се работи на тоа, на што Тарчуловски му враќа „Тогаш сè е ОК, важно да не се попушти пред ослободување на луѓето“.

Три дена подоцна, на 29 декември 2017 година, Тарчуловски му испраќа порака на Мицкоски со содржина „Има ли нешто ново, ќе остане ли на зборот?“, на ова Мицкоски му одговара „Јохан, ние го направивме нашето, сега до него е. Му пишав денес дека ние сме завршиле, ми врати позитивен одговор“.

На оваа порака од Мицкоски, обвинетиот Јохан Тарчуловски му одговара „Ајде, со Господ напред, ќе биде. Како се снаоѓаш, ќе биде добро. Реално добро и позитивно поминуваш кај луѓето, цело време ми доаѓаат луѓе и никој нема лоши зборови за тебе. Само да се издигнеме од ова мртвило и да се обедини сè што може“.

Разговорот се одвивал додека обвинетиот пратеник се наоѓал во куќен притвор за настаните од 27 април.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет – мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита

Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет. Оставката ја поднесе пред почетокот на денешната…