Денеска по подолго време изјава за медиумите даде Специјалниот јавен обвинител Ленче Ристоска. Таа потврди дека шефицата не ја виделе на работа , но за се упати вистината да се бара во обвинителство за организиран криминал. До неа беше и Лиле Стефанова која го работи случајот Имеприја со кој се поврзани луѓето кои ја открија и пријавија шемата на уцени и рекет. Таа кажа дека Јанева била таа која ги потпишувала сите документи околу овој случај кои донесоа многу нејаснотии во јавноста.
Истовремено Бојан Јовановски е во Хашкиот дел од истражниот затвор , сам и е сместен таму поради здраствени и безбедносни причини.
Обвинителството соопшти дека сношти биле запленети копјутери цедиња , уметнички дела од неколку локации поврзани со Бојан Јовановски. Се е дадено на вешачење вклучувајки го и телефонот на Јанева кој треба да даде одговори дали имала комуникација со Бојан.