Корона вирусот го одложи “ТНТ” , три судијки во самоизлоација

Во однос на повеќе новинарски прашања за денешната главна расправа за предметот познат како „Т.Н.Т.“,  ја информираме јавноста дека расправата е одложена за следниот закажан термин на 19 – ти март во 10:00, поради немање законски претпоставки за одржување на расправата, односно отсуство на еден од обвинетите, а не по одлука на судот.       

Појаснуваме дека една од обвинетите денеска не беше присутна на судењето, а нејзиниот адвокат – Мерџан Даути, посочи дека обвинетата останала во нејзиниот дом  бидејќи нејзиниот сопруг бил во контакт со лица кои сега се во изолација заради корона вирусот.

Со оглед да не се исполнети условите да се одржи главната расправа, заради отсуство на една од странките, судот ја одложи расправата, а во меѓувреме ќе ги спроведе сите неопходни проверки согласно наводите на адвокатот и доколку се утврди дека се работи за неосновано одолговлекување на постапката ќе бидат презмени соодветни мерки.

Воедно ја известуваме јавноста дека во Кривичниот суд се одржуваат сите судења за кои постојат законски услови истите да се одржат, а судот доследно ги почитува препораките на Владата за превенција од ширење на корона вирусот – соопштение Кривичен суд.

Од Основен суд 2 информираат дека три судијки по патување во странство се во самоизоцаија поради превентувни причини.

Total
0
Shares
Поврзани објави