На судењето за “27 април” еден обвинет помалку

Раздвојување на постапката за него побара обвинителката Вилма Русковска. Сашо Марковски во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница, поради што рочиштето беше одожено за денеска.

Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење од ГОБ „8 Септември” за неговата задравствена состојба.

Во Кривичниот суд продолжува судењето за останатите обвинети за насилствата во Собранието на 27 април лани. Денеска се гледа видео запис од камерата бр.14 во законодавниот дом.

За „27 април” обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Зеќири останува во притвор

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди…