Владата не брза за отворање на границите со соседите

Премиерот Зоран Заев смета дека кога ќе се одлучува за отворање на границите во регионот без ПЦР тестови, прво треба да се  води сметка за здравјето на луѓето, а потоа на економијата.

-Ќе треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите и на здравствениот и на економскиот аспект, и двата се подеднакво важни, секако најважниот преовладува тоа е здравјето на луѓето“, вели Заев.

Тој ја разбира и загриженоста на економските ресори во владата дека поради затворените граници страда економијата.

Според него, во регионот се води отворена и аргуменитрана дебата за или против отворање на границите.

-Министерот за здравство ќе ги доврши своите консултации со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е конечно таа што ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без ПЦР тестови или со ПЦР тестови, реќе Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави