Најнов предлог: Од среда укинување на полицискиот час, да нема ограничување за гости на свадби

Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кои се донесени одлуки за нови мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до Кризниот штаб ќе бидат предложени три нови мерки, кои би требало да стапат на сила од среда, доколку бидат усвоени од Владата.

Се предлага целосно укинување на полицискиот час бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.

Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.

Се преглага и  да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави