ВМРО-ДПМНЕ од утре со блокади кај Собрание, ТЦ „Мавровка“ и Н. Македонија

Раскрсниците кај македонското Собрание, кај ТЦ „Мавровка“ и кај поранешна Нова Македонија утре во период од 15 до 17 часот ќе бидат блокирани од ВМРО-ДПМНЕ во обид за, како што рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вршење на притисок и спречување на бугарските барања да влезат во рамката за преговори меѓу Македонија и Европската Унија (ЕУ). Изразување на незадоволство на ист или сличен начин ќе има и во десет други градови во земјава.

Тоа, според него може да се спречи со комбинација на активности – критики од јавноста и народ на улица.

– Затоа, ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе почне со блокада на три сообраќајни точки во Скопје и во уште десет градови во земјата во период од 15 до 17 часот. Така ќе биде се додека јавноста не го види документот, патоказот или како сакате наречете го, за кој преговата двоецот Заев – Бучковски со официјална Софија и се однесува на усвоената Декларацијата во парламентот на Бугарија во 2019 година и нејзино прифаќање во преговарачкиот процес, истакна Мицкоски кој, како што додаде, за тоа дознал од дипломатски кругови во Софија и во Брисел.

Total
0
Shares
Поврзани објави