Австриец опцул Албанска мајка на играч на Македонија – се бара суспензија од УЕФА

„Арнаутовиќ му ја опцу албанската мајка на Алиоски – УЕФА да го исклучи од ЕУРО2021“ пишува информативната агенција на албански јазик во својата информација под наслов „Србинот му ја опцу мајката на фудбалерот – Албанец – писмо до УЕФА за негово исклучување“.

Агенцијата пишува дека „австрискиот фудбалер Арнаутовиќ тешко го навредил Алиоски и затоа албанската дијаспора во ЕУ бара од УЕФА негово исклучување од ЕУРО 20201“.

„Здружението на албански печалбари во земјите на ЕУ преку писмо упатено до УЕФА побара исклучување на српскиот фудбалер во австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ од еврпското првенство, бидејќи тешко го навреди фудбалерот – Албанец од македонската репрезентација Езгјан Алиоски.

Медиумите известија дека Арнаутовиќ, по третиот постигнат гол на вчерашниот натпревар со Македонија, се гледа кога му ја пцуе мајката на Алиоски, додека во меѓувреме австрискиот капитен Алаба се обидуваше да го запре Арнаутовиќ.“ – објавува ИНА.

Во информацијата на агенцијата се цитира целосниот текст на писмото, кое албанската дијаспора од ЕУ го упатува до УЕФА:

„Бевме сведоци на искажување расизам на еден играч на Австрија упатено кон играчот на Македонија! Станува збор за Марко Арнаутовиќ, кој ја навреди албанската мајка на играчот од Македонија Алиоски. Бараме овој играч – расист да биде исклучен од следните натпревари, а Австрија да се казни со глоба според правилата на УЕФА, кои се однесуваат на расизмот. Веруваме во паролата ‘НЕ НА РАСЗМОТ ВО ИГРАТА!“

Предходно и австриски медиуми пишуваа за инцидентот

Total
0
Shares
Поврзани објави