Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд

Со шест гласа „за“ судијката Добрила Кацарска денеска беше избрана за нов претседател на Уставниот суд. Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа од вкупно девет уставни судии, со што било постигнато потребното двотретинско мнозинство.

Мандатот на Кацарска ќе започне од 2 јуни 2021 година. Таа на претседателското место во Уставниот суд ќе го наследи судијата Сали Мурати кој ја извршуваше функцијата од 30 октомври 2019 година.

Мандатот на претседателот на Уставниот суд е 3 години, без право на реизбор.

За судија на Уставниот суд Кацарска беше избрана на 26 ноември 2020 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави