Видео : Се слави на улиците на Тел Авив – падна најмоќниот човек на Блискиот Исток

Веднаш по изборот на новата израелска влада и Нафтали Бенет за премиер, Израелците излегоа на улиците во Тел Авив да го прослават крајот на дванаесетгодишното владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Претходно, новата израелска коалициска влада , која се состои од осум партии, освои мнозинство на парламентарните гласања.

Гласањето беше тесно, а новата влада доби поддршка од 60 од 120 пратеници во Кнесет, додека 59 пратеници беа против.

Веднаш по гласањето, Бенет и членовите на неговата влада положија заклетва.

Нетанјаху , кој останува на чело на партијата Ликуд, ќе биде лидер на опозицијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави