НАЈНОВА ВЕСТ : Утринава се обеси притвореник во затворот во Прилеп

Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник. Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28-годишна возраст. Бил во притвор оти е осомничен за извршено разбојништво.
Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот. Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.
За настанот се известени сите надлежни институции и ќе се истажува како притвореникот останал сам без надзор и успеал да се обеси без да биде забележан од ниту една служба и другите притвореници во затворот. Ке се истражуваат и причините зошто притвореникот решил вака да си го одземе животот.

Total
0
Shares
Поврзани објави