Најпродавани магнети со ликот на Хитлер изложени до Музејот на Холокаустот во Скопје

Магнети со ликот на Хитлер на големо се продаваат на тезги во Старата скопска чаршија, во непосредна близина на Музејот на холокаустот, информира Независен.мк Меѓу изложените сувенири купувачите имаат шанса да си изберат и магнети со ликовите на Мајка Тереза, Александар Македонски, Тито и Сталин. Меѓутоа, продавачите велат дека најбарани се магнетите со ликот на Хитлер.

Изминатиов период Музејот на холокаустот во неколку наврати реагирал до продавачите, за тоа дека се глорифицира деструктивна идеологија во светски рамки, во која загинаа над 50 милиони луѓе, меѓу кои шест милиони Евреи. Целиот текст на Независен.мк прочитајте го тука.

извор: nezavisen.mk

фото: Република.мк

 

Total
0
Shares
Поврзани објави