Наместо екскурзии, ќе се организираат прошетки за учениците

Учениците годинава нема да одат на екскурзија, можно е да се организираат прошетка заедно со наставниците до пет километри, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Царовска вели дека постојат препораки и уредби за нереализираните лански екскурзии агенциите да дадат ваучери коишто можат да се користат во наредниот период.

„Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинава екскурзиите не се дозволени“, истакна Царовска.

Во врска со бојкот на наставата присутна во неколку училишта, таа повтори дека со бојкот ништо не се постигнува, туку само губат учениците.

Total
0
Shares
Поврзани објави