Нашиот официјален подарок за Папата, којшто беше засенет од фудбалскиот дрес

Претседателот Стево Пендаровски на Папата му подари дрес од македонската фудбалска федерација кој стана хит на интернет. Проследувајќи ја веста за дресот во сенка паднаа вредните подароци кои Претседателот му ги даде на Папата. Авторката Билјана Клекачкоска на подароците појасни за што се работи:

Ми беше голема чест и задоволство да изработам подарок за Папата. Ова дело, инспирирано од *Псалмот 42* , илустриран на мозаичниот под од крстилницата на најстарата базилика во Македонија, од сега натаму живее во Ватикан. Едно мало пламенче е запалено и од сега ќе топли и грее.

*Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули* Двете пауници и гулабицата ги изработив во филигранска техника, наместа со чисто злато. Птиците облетуваат околу капка од горски кристал, која рачно ја обработив и позлатив со 24-каратно злато. Позадината е мозаичен тенок лист од лапис лазули, кој го изработив во Флорентинската техника на мозаична уметност. Ги претставува небесата. Комбинацијата на техниките и избраните мотиви ги претставуваат едновремено фрагилноста на животот во заедница, бесценетата взаемност и споделувањето во слободата на духот симболизиран низ гулабицата и посветеноста на вечноста, симболизирана низ паунот. Користените материјали и новото читање на овие древни христијански симболи, дискретно упатуваат на одговорноста да се градат благородни заедници во доба кога заедништвото е под голем знак на прашање.

Инспирацијата за ова дело е мозаик од крстилницата во Епископска базилика во Стоби, која датира од 4век Материјали: сребро 985, злато 999, лапис лазули, горски кристал

Билјана Клекачкоска, Идар Оберштајн, 2020“

Како што срната жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе!”

“As the heart panteth after the water brooks, so panteth my soul after thee, O God.”

כְּאַיָּל, תַּעֲרֹג עַל-אֲפִיקֵי-מָיִם– כֵּן נַפְשִׁי תַעֲרֹג אֵלֶיךָ אֱלֹהִים“

Quemadmodum desiderat cervus ad fontes aquarum, ita desiderat anima mea ad te, Deus.”

Total
0
Shares
Поврзани објави