Нема слободни термини на специјалист за хронично боните

Продолжувањето на мерката за ослободување од работа на хронично болните направи хаос во ординациите на матичните лекари. Пациентите не можат да стигнат на ред за потврда затоа што не можат да обезбедат термин за специјалист до крајот на септември, а рокот за обновување на потврдите е 22 Септември.

Претседателот на Здружение на матични лекари,  Лилија Чолакова Дервишова вели дека нема термини за пациенти со дијабет, со мозочен удар и со инфаркти, бидејќи се е блокирано.

„Им даваме упати за седум дена, да се снајдат да стигнат до овие специјалисти, дали на дежурство или кога ќе ги најдат, во консултација со нив да се види каква ќе биде понатамошната препорака- вели за Алфа, Дервишова.

Пациентите со хронични болести, преку социјалните мрежи алармираат дека термини нема. Во паника се заради кусиот рок и блокирани термини. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави