Нема жртви во паднатиот хеликоптер во Скопје

Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди.

❗ Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

➡️ Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.

🗣️ Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди.

Total
0
Shares
Related Posts