Новата претседателка на Апелација во судот до скоро тврдела дека не конкурирала ?

Лидија Димчевска е иако трета на ранг листа по бодови е избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје, која досега беше веде претседател. За изборот за претседател на Апелација имаше 11 кандидати со образложение дека имала одлично искуство. Меѓу каднидатите беа и судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за инцидентите од собранието на 27-ми април, но и му пресуди затворска казна на поранешниот премиер Груевски за случајот Тенк, потоа судијата Огнен Ставрев, кој го суди Монструм, како и актуелната в.д.претседателка Лидија Димевска.
Нејзиното име е изненадување оти таа пред изборот според извори во Апелациониот суд самата кажала дека не е заинтересирана за првата шефовска функција. Но наеднаш во Судскиот совет нејзините докумети се нашле меѓу документите на останатите кандидати кои јавно кажувале дека имаат амбиции за ова место.
Изненадување за сите било нејзиното учество во ранг листата и гласањето.
За судија во Управен е избрана како што и досие.мк најави Елизабета Васкова, поранешен генерален секретар на Судскиот совет. За Врховен засега се пријавени 4 кандидати но поради дополнувања на податоци изборот е одложен но најверојатно Цветанка Периќ сепак ќе влезе во овој суд.
Судскиот судскиот совет, од 22 кандидати ја избра судијката Лирија Елези Ајрулаху од Крвичен за судија во скопска апелација.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Кацарска до Судски Сoвет: Jавно кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, згрозена сум

Бев згрозена од изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, односно од нејзиното сведочење во случајот „Рекет“,  со оглед дека…