Нови оддела за прием на пациенти во Воената болница и проширување на Козле

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок на Кризниот штаб денеска предложила да се отворат два нови оддела во болницата ГОБ „8 септември“ за хоспитализација на пациенти со ковид-19.

Освен тоа, поради секојдневниот раст на новозаболени, се бара и проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали.

Попладне министерот за здравство, Венко Филипче во детали ќе информира за расправата од состанокот на Кризниот штаб.

Total
0
Shares
Поврзани објави