Од утре угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата денеска попладне ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за ограничување на работното време на угостителските објекти до 23 часот, а возилата на јавниот превоз ќе возат со 50 отсто на капацитетот.

Владата ја задолжи државната и јавна администрација да го организираат работењето од дома или во смени, а остана на сила и забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека мерките ќе стапан на сила веднаш затоа што одлуката ќе биде објавена во Службен весник.

„Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите“, изјави Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави