Новинарката Ивона Талевска денеска во судот призна вина за случајот „Тифани“, што Специјалното јавно обвинителство го покрена против неа. Се очекува Талевска да плати штета но што ќе одлучи судот повеќе детали ќе имаме подоцна оти постапката во судот е во тек.
Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.
Поврзани објави
Советот на јавни обвинители ја потврди суспензијата на Русковска
Советот на јавни обвинители ја потврди суспензијата на Русковска. Жалбата се одбива како неоснована. Потврдено е решението на…
Бугарија не ја даде адресата на Пендиков, утре во Охрид ќе му се суди на првиот напаѓач
Бугарските власти сѐ уште не одговориле на барањето од охридското Основно јавно обвинителство да ја добие адресата на…
Кривичен: Судот не е виновен за бегството на Груевски !
Во однос на обвинувањата упатени до судот поврзани со предметот, од обвинителството означен како „Тенк“, ја информираме јавноста…
Апелација образложи зошто му намали 10 години затвор на Николов: Бил млад и неоженет, се кае и брат му загинал во сообраќајка
Од 18 на 8 години се намали затворската казна за младиот Ангелче Николов кој во алкохолизирана состојба ја…