НСОН: Наставниците работат прекувремено и немаат приватен живот

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) обвинува дека Министерството за образование и наука двојно го зголемува работното време на наставниците и дека не го почитува нивниот приватен живот.

„На дел од колегите им е двојно зголемен работниот учинок односно двојно им е зголемен фондот на часови што е спротивно на законот за наставници и стручни соработници, а со тоа работните обврски во денот им надминуваат и над 8 часа во денот“велат од Синдикатото и додават дека на наставниците им се доставува работни задачи во 23.00 часот.

НСОН тврдат дека во најголем дел од училиштата, работодавачот нема обезбедно компјутер односно средство за работа за онлајн настава.

Според нив, во некои училишта директорите ги присилуваат наставниците сами да си набават компјутер без да имаат во обзир дека и тие имаат семејство и деца на кои треба да им обезбедат услови за следење на онлајн настава.

Total
0
Shares
Поврзани објави