Од понеделник брзи, точни и поефтини тестови за Ковид-19

Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исијановски, соопшти дека од понеделник граѓаните ќе можат да направат брзи тестови за корона вирусот со голема точност, кои ќе чинат околу илјада денари.

„Како тестови постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно време околу половина час во почетокот, меѓутоа како екипите ќе се уходуваат тој временски период ќе гледаме да го намалиме на 20 минути“, изјави Исијановски за Сител.

Доколку е лицето позитивно, во текот на денот ќе биде известен од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

„Доколку тестот е негативен и нема симптоми нема потреба од ПЦР тест, меѓутоа доколку е потребно и е негативен тестот, а има лицето симптоми на КОВИД тогаш е потребно да се направи ПЦР тест, рече тој.

Според него, тестовите се одобрени од СЗО и се регистрирани во нашата држава.

„Сметаме дека овие тестови ќе помогнат, ќе го олеснат здравствениот систем колку толку. За граѓаните сметам дека се скапи ПЦР тестовите и ова ќе помогне малку во домашниот буџет на сите граѓани во оваа држава“, рече Исијановски. 

Total
0
Shares
Поврзани објави