Одобрено вработување на нови 20 паразни инспектори

Министерството за финансии одобрил вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат.

Директорот на ДПИ Стојко Пауновски се пожали дека нема доволно инпектори, но постојните максимално се искористени.

„Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги  користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена“, изјави Пауновски.

Тој најави дека до крајот на годината 37 инспектори да заминат во пензија додека новите примени од пред година-две сеуште се на обука пред да излезат на терен.

Според него, изречените пријави од страна на пазарниот инспекторат, од 5 до 11 октомври, се однесуваат на новите протоколи изнесени од Комисијата за заразни болести.

-Кривични пријави од овој викенд се однесуваат на организирање на свадби, и непочитување на протоколите од последната одлука на зцдравстевената комисија.  Ниту едно решение или кривична пријава изречена од инспекторите не е направена постфестум  и врз основа на дојава. Дојавите се користат само да се упатат инспекторите на правото место, истакна Пауновски и се заблагодари на сите совесни граѓани и новинари во државава кои ги пријавуваат неправилностите.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави