Високозаразниот тип на Ковид-19 е присутен во Германија од ноември

Високозаразниот тип на Ковид-19 е присутен во Германија од ноември, соопштија лекари кои добиле податоци од примероци од постар пациент кој починал, објави Ди Велт.

Специјалисти од Медицинскиот факултет во Хановер го открија Б1.1.7 кај примероци од пациент кој имал здравствени проблеми пред короната, се додава во текстот во кој е цитиран министерот за здравство на Долна Саксонија.

Берлинската болница го потврди ова откритие, се додава во извештајот.

Новиот вид на коронавирус, што брзо се шири во Велика Британија, е значително позаразен од претходните видови, но прелиминарните анализи покажуваат дека симптомите на Б1.1.7 не се поопасни.

Во германската провинција Баден-Виртемберг тие потврдија дека локалните власти откриле нов вид на коронавирус кај лице кое на 20 декември дошло со авион од Велика Британија во Франкфурт.

Total
0
Shares
Поврзани објави