Хасани најави укинување на ПЦР тестовите за патување во регионот

Новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани денеска на Фејсбук најави дека брзо во Приштина ќе се оди на кафе без ПЦР тест за коронавирус.

„Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест“, напиша Хасани на Фејсбук.

Вчера, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови.

„Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје“, кажа вчера Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави