Завчера на граничниот премин Меџитлија кај Битола, Министерството за внатрешни работи му го одзела пасошот на егзарх Јован Вранишковски. Според групата следбеници на екс владиката на МПЦ – ОА, МВР не дало објаснување за одземање на пасошот. Според ПОА “таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото”.
Групата на Вранишковски тврди дека со верскиот прогон, Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија.
Најмалку тројца негови блиски соработници се на високи позиции во владата на Заев а еден е раководител на владиниот тим за пропаганда, пренесуваат медиумите и социјалните мрежи.
Одземен пасошот на Вранишковски
