Охрид врие од туристи, скоро никој не почитува мерките за заштита од корона

Охрид денеска изгледа како да е сред туристичка сезона. По најавениот полициски час од страна на Владата кој за Скопје започна од синоќа, скопјани уште во текот на вчерашниот ден масовно заминаа на продолжен викенд во Охрид.

Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа дека мнозинството туристи не ги почитуваат владините препораки и мерки за заштита од корона вирусот.

Само во текот на вчерашниот ден, бројот на заболени достигна бројка од 120, што беше и највисокиот пик од кога се појави епидемијата во нашата земја.

фото: fb

Total
0
Shares
Поврзани објави