Фотографии на Охриѓанки осамнале на сајт за лични контакти иако тие мислеле дека ги сликаат за манекенки. Полициата гони двајца мажи еден од СВети николе и еден од Охрид кои на девојките м платиле по 600 денари и ги фотографирале. Ги убедиле дека сликите се за модни агенции. Наводно девојките требало да ода н акастинг за манекенски и снимање спотови.
Откако завршиле со сликањето мажите им ги фотографирале и личните документи. Им испалтиле по 600 денари на секоја и им кажале дека ќе бидат повикани на следни снимања. Но наместо тоа девојките односно нивните фотографии и нивните податоци осамнале на специјално направен сајт за нудење услуги од девојки и реализирање контакти со нов. Девојките случајот го пријавиле во полција која поднела кривични пријави против осомничените.
Охриѓанки без да знаат се нашле со слики на сајт за интимни контакти
