Онлајн судење како лек против честите одложувања на рочиштата

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев размислува за воведување онлајн судења поради честите одложувања на судските рочишта поради пандемијата со Ковид-19.

Тој нагласува дека тука постои еден проблем поради тоа што не може да се спроведе онлајн судење ако на тоа не се согласи обвинетиот.

„Мора во иднина да се менуват процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн судење. Ние сите сме загрижени за состојбата, ни пречи на сите и на Судскиот совет и на судиите, и на претседатели на судови. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба“, вели Здравев за МИА.

Освен ограничувањата со законот, поголемиот дел од судовите во државата не се технички опремени за онлајн судења.

Total
0
Shares
Поврзани објави