Во јули без работа останале над две илјади работници

Агенцијата за вработување конечно објави дека околу 2.500 работници останале без работа во Македонија во текот на месец јули, известува Сител. 

Оваа институција, која е задолжена да ја води оваа евиденција, ги немаше објавено резултатите за последните два месеци а јавноста немаше ориентација со какви бројки се соочува пазарот на трудот за време на епидемијата.

Според тоа, во последните пет месеци вкупно на 12.000 граѓани им престанал работниот ангажман во март, април, мај, јуни и јули.

На 50 проценти на оние 2.500-тини останати без работа им истекол договорот и не им бил продолжен, додека другите останале невработени со отказ или спогодбено.  Повеќето отпуштени се на возраст од 30 до 49 години. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави