Филипче од утре ги враќа на работа 40-те сестри од Скопје

Од утре, 40-те медицински сестри се враќаат на работа, најави фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потврди дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, ќе им бидат продолжени.

-Тие и натаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување човечки животи, напиша министерот на Фејсбук.

Реакцијата на Филипче дојде откако во јавност се појавија информации дека на сестрите со кои министерот се фалеше пред некое време не им биле продолжени договорите за работа.

Total
0
Shares
Поврзани објави