Опозицијата жестоко против изборот на Кацарска за уставен судија

Опозицијата втор ден во Собрание продолжи да се спротивстави на изборот на Добрила Кацарска за судија во Уставниот Суд, која според нив не е ни, стручна, ниту соодветна за тоа место.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Кацарска местото го добила како награда за послушноста кон власта за многу судски пресуди, меѓудругите, и за оние кога се менуваше Уставот за промена на уставното име на државата.

За пратениците на власта, најмалку ВМРО-ДПМНЕ има право да говори за независно судство кое било уништено во нивно време.

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев, рече дека Уставниот суд има најслаб персонален состав надосега, кои наместо кредибилитет имаат склоност да и угоди на власта.

– Таа е единствен судија осуден од Уставниот суд каде што ја бираме за уставен судија и наместо да биде разрешена за тоа, таа е номинирана за оваа функција – рече Апасиев.

Пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека претседателот на Судскиот совет Кире Здравев не ја образложил кандидатурата на Кацарсјка затоа што знае дека е неквалитетна.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчевска од СДСМ предупреди дека со паушални обвинувања пратениците од опозиција фрлаат дамка на целиот судски систем.

Кацарска за уставен судија ја предложи Судскиот совет, на крајот на септември. Таа треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен.

Total
0
Shares
Поврзани објави