Отказ за советникот на Чулев поради насилно однесување

Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на попранешниот министер Наке Чулев .

Одлуката е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули беше снимен како го пцуе и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15 јули (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.

Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Шура уби зет во Тафталиџе

Откако КУРИР објави за инцидентот кој вечерва се случил во скопско Тафталиџе, информацијата ја потврдија и од МВР.…
Повеќе

Уапсен Митко Чавков

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност…