Пановски: Не очекува катастрофа ако сите не повикаат на послушност

Микробиологот, д-р Никола Пановски верува дека ако се почитуваат новите рестриктивни мерки на владата може да се избегне национална катастрофа со пандемијата на корона вирусот.

-Претходните мерки кои беа воведени во текот на пролетта имаа огромен ефект во спречувањето на ширењето на корона вирусот. И сега би требало да биде така, зошто на граѓаните очигледно не смее се да им се дозволи. Едноставно премногу се опуштија и очекувани се вакви бројки на новозаразени, вели за Фактор д-р. Пановски.

Тој најавува влошување на епидемиолошката состојба во текот на есенските и зимските месеци, кога се очекува да има настинки, сезонски грип, респираторни бактериски и вирусни болести.

-Ако не сакаме да доживееме национална катастрофа, треба сите да се соберат, мислам на партиите, но навистина сите политички партии без исклучок и претставници на верските заедници и да излезат јавно, да упатат еден апел да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. Само така може да ја надминеме кризата со епидемијата. Барањето оставки од властите ниту е решение, ниту пак има некаква смисла, истакнува Пановски.

Според него, голем ризик претставува и јавниот превоз, особено меѓуградскито со мали комбиња, каде еден заболен може да ги зарази сите други патници.

Total
0
Shares
Поврзани објави