Пендаровски утре ќе ги соопшти ставовите за вонредната состојба, за свикување лидерска средба и за изборите

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре во претпладневни часови ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.

Од Кабинетот на претседателот за МИА посочуваат дека тој во утрешното обраќање ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредата состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.

Нема одговор дали ќе има лидерска средба за датумот за избори и се упатува на утрешното обраќање на Пендаровски, по кое треба да биде појасно како ќе функционира државата во иднина и кои чекори ќе бидат преземени и од страна на владејачките СДСМ и ДУИ, и од опозцијата. Засега нема консензус за датум за парламентарни избори.

Партиски извори за МИА велат дека до попладнево немало иницијатива за уште една лидерска средба кај шефот на државата.

Total
0
Shares
Поврзани објави