Петта жртва: Полицаец им подлегна на повредите по немирите во американскиот Конгрес

Припадник на полициските сили почина од здобиените повреди во немирите предизвикани пред два дена од страна на приврзаниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во Капитол Хил во Вашингтон, соопшти полицијата.

Полицаецот Брајан Сикник е петта жртва во немирите, откако претходно е објавено дека четири лица загинале кога приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да го спречат Парламентот да ја верификува победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

– Полицаецот Сикник одговори на немирите во средата, 6 јануари 2021 година, во американскиот Капитол и повреден е додека бил во физички судир со демонстрантите, нагласи полицијата во соопштението.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Следува викенд без ддв !

Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели. Но како ќе функционира? Според…