Почина Индиецот кој постеше и се молеше за здравје на Трамп

Триесет и осумгодишен маж од индиската држава Телангана почина по четири дена пост со кој се молеше за опоравување на Доналд Трамп од ковид-19.

Според неговото семејство, Буса Кришна Раџу му се поклонувал на американскиот претседател како бог и бил шокиран и вознемирен кога дознал дека Трмап е болен. Раџу одбивал храна и почнал да се моли за опоравување на Трамп. Семејството на Раџу за Times of India изјави дека тој паднал во неделата додека пиел чај во резиденцијата на неговиот роднина во селото Тоопран во областа Медак. Бил пренесен во болница каде лекарите констатирале дека веќе е мртов.

Еден близок член на семејството за Times of India изјави:

Тој беше вознемирен кога дозна за позитивениот тест на Трамп за корона вирусот. Помина непроспиени ноќи, гладуваше и се молеше за закрепнување на американскиот претседател во последните три-четири дена. Почина од срцев удар околу пладне .

Г-дин Трамп беше позитивен на тестот во четвртокот на 1ви октомври и се лекуваше во медицинскиот центар Валтер Рид неколку дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави